Фудбалските второлигаши бараат помош од Владата

Екипите кои се натпреваруваат во двете втори фудбалски лиги на Македонија испратија барање до Владата во кое се бара да им биде доделена финансиска помош за наредниот период. Фудбалската сезона е во прекин и се уште нема најава кога натпреварувањето би можело да продолжи, а второлигашите се жалат дека без државна помош тешко дека ќе успеат да ја завршат годинава.

На иницијативата се потпишани десетте екипи од Втората лига – исток, како и седум екипи од Втората лига – запад.

„Фудбалските клубови се на аматерска основа и не остваруваме никакви приходи по ниту еден основ, единствен приход се донации, кои сега се поврзани со добивањето на ваучер и спонзорства, кои од воведувањето на ваучерите се нула. Во овој момент се соочуваме со ситуација да не може да ги реализираме ваучерите, ниту да добиеме спонзорства од компаниите, а трошоците останаа исти, се однесуваат на личен доход за многу малку лица и хонорари, како единствен начин за финансирање на фудбалерите и останатите лица ангажирани во клубот“, се вели во соопштението на фудбалските второлигаши.

Се вчитува...