Фулам го слави Митровиќ – Србинот со гол во 90. минута донесе победа на „црно-белите“ (ВИДЕО)

Филам на крилја на на српскиот интернационалец Александар Митровиќ стигна до првата победа во новата сезона од Премиерлигата, славејќи над Бретфорд во одличен натпревар од 3. коло со 3-2.

Голеадата започна уште во 1. минута од мечот со голот на Рид, а веќе во 20. минута Фулам стигна и до предност од 2-0 по голот на Палфиња. Норгард успеа да го врати својот тим во игра во 44. минута, а Тони во 71. да донесе изедначување. Херојот на лондонскиот тим беше Србинот Митровиќ кој во 90. минута со глава ја затресе мрежата за големи три бода.


Кристал Палас стигна до првата победа во новата сезона во Премиерлигата откако на домашен терен направи целосен пресврт и славеше против Астон Вила со 3-1. Гостите први стигнаа до предност преку Воткинс во 5. минута, но Заха кој стрелаше два пати и Матета не дозволија гостите да заминат со три бода.

Нотингхем Форест продолжува со одличните настапи по камбекот во елитното натпреварување, а стигна до нови бодови на гостувањето кај Евертон по ремито од 1-1. „Шумарите“ поведоа преку Џонсон во 82. минута, а Греј во 88. минута донесе изедначување на асистенција на голманот Пикфорд.

Лестер ги казни Фофана и Тилеманс поради амбциите да го променат клубот, а без нив загуби на домашен терен од Саутемптон со 1-2. „Лисиците“ имаа предност од 1-0 со голот на Мадисон, но за целосен камбек се погрижија Џастин со автогол во 68. минута и Адамс во 84. минута.

Се вчитува...