Фулам го замолкна „Гудисон“, порази на новите премиерлигаши (ВИДЕО)

И во новата сезона во Премиерлигата, Евертон веројатно ќе се бори за својот опстанок. Денеска на „гудисон“, „сините“ загубија од Фулам со 0-1 со голот на Де Кордова – Рид во 73. минута. Евертон практично од единствениот удар прими гол, додека тие имаа пет удари кон голот на Фулам, но не успеаја.

Новите членови на Премиерлигата, Лутон и Шефилд Јунајтед доживеаја порази од Брајтон, односно од Шефилд. Токму Лутон го претрпе највисокиот пораз од 4-1 во денешните натпревари во Премиерлигата.

Кристал Палас со голот на Едуард во 50. минута го доби дуелот со Шефилд на гости. Борнмут и Вест Хем одиграа без победник 1-1. Боуен во 51. минута донесе предност за гостите, додека Соланке во 82. минута успеа да израмни.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...