„Футбол ликс“: Нејмар заработува 100.000 евра на ден

Германскиот весник „Шпигел“ продолжува да ги објавува деталите од договорите и преговорите на врвните фудбалски ѕведи, што ги добива преку „Футбол ликс“.

Договорот на Нејмар со ПСЖ е денешната „тема“ на „Футбол ликс“, откако беше обелоденето дека бразилскиот ас заработува над 36 милиони евра по сезона. Поточно, месечната нето плата на Нејмар изнесува 3.069.520 евра, што би значело дека Бразилецот дневно од ПСЖ инкасира по 100.000 евра. Во оваа сума не се внесени клаузулите за постигнати голови и освоени трофеи во иднина, чија висина барем засега се чува во тајност.

„Шпигел“ открива дека Бразилецот живее како крал во Париз, во куќа од 1950 година со површина од 1.000 метри квадратни, изградена на пет нивоа. Имотот се наоѓа на девет километри од тренинг-центарот на ПСЖ, на 14 километри од „Паркот на принцовите“, а за негово изнајмување тој плаќа 14.000 евра месечно. Сума што Нејмар ја заработува за само неколку часа во францускиот фудбалски гигант.

Се вчитува...