Футсал: Хрватите подобри од Македонија на вториот тест

Македонската футсал репрезентација го загуби вториот пријателски натпревар против селекцијата на Хрватска со 0-3. Овој меч се одигра во салата „Гемиџии“ во Велес, а „коцкестите“ беа подобар ривал и стигнаа до триумф. По првото полувреме обезбедија предност од 0-1, а во вториот дел постигнаа уште два гола.

Првиот пријателски меч меѓу овие две селекции што се одигра во петокот заврши со реми, 2-2.

Се вчитува...