Футсал: Македонија славеше над Данска

Македонската футсал репрезентација во третиот меч од квалификациите за ЕП 2018, ја оствари првата победа. Избраниците на селекторот Иван Божовиќ ја совладаа Данска со 4-3 и го освоија третото место во групата Ф, кое сепак не носи пласман во следната фаза.

По првиот дел, резултатот беше 2-2. Данска поведе со 0-1, со голот на Фалк, но нашиот национален футсал тим потоа постигна два гола за водство од 2-1, преку Сефери. Данците до крајот на првото полувреме израмнија преку Менгел.

Во второто полувреме, Мицевски ја доведе Македонија во ново водство, Данска повторно израмни со голот на Ел-Уаз, а Драган Петровиќ во 36.минута го постигна победничкиот погодок.

Се вчитува...