Габриел Хесус е реалност, а Хари Кејн само сон за Јувентус

Јувентус продолжува со планирањето на тимот за следната сезона, веќе е обезбеден потписот на Кулушевски, а во „ремонтот“ на средниот ред е планирано и доаѓањето на Тонали од Бреша, но и на Погба од Манчестер Јунајтед.

Сериозни промени се очекуваат и во нападот, каде со оглед на влошената финансиска состојба ќе се искомпликува и останувањето на Кристијано Роналдо. На Пауло Дибала дефинитивно ќе му биде понуден нов договор, но газдата Ањели е свесен дека на тимот ќе му треба уште најмалку еден голгетер од светска класа за да се бори за трофеите на италијанската и на европската сцена.

Хари Кејн е незадоволен во Тотенхем, а Јувентус е заинтересиран, но според весникот „Тутоспорт“ англискиот репрезентативец е само сон за „старата дама“. Причина – парите што „спарси“ ќе ги бараат, се споменува отштета од најмалку 150 милиони евра, пари сума што Јувентус во оваа финансиска криза нема да може да си ја дозволи. Во една таква ситуација, многу пореално е да се тргне во целосна офанзива по Габриел Хесус, голгетерот на Манчестер Сити кој со години е резерва на Агуеро во нападот на „граѓаните“.

Тој сака да си замине, а Јуве е подготвен да плати околу 50 милиони евра за да го доведе во своите редови. Пеп Гвардиола веќе бара нов напаѓач за својот тим, што е предзнак дека на Хесус ќе му биде дозволно да ги смени клупските бои во текот на летниот преоден рок.

Се вчитува...