Гакпо промовиран во Ливепул: Ван Дајк ме убеди да дојдам на „Енфилд“

Холандскиот репрезентативец Коди Гакпо и официјално е промовиран во нов играч на Ливерпул. Англискиот клуб го потврди неговиот трансфер кој е со важност до 2028 година, а Холанѓанецот го одбра бројот 18, иако десетката и натаму е слободна по заминувањето на Мане.

Гакпо потврди дека за трансфер во Ливерпул бил убедуван и од страна на капитенот Вирџил Ван Дајк.

„Ми кажа дека ова е вистински клуб за мене, дека ќе продолжам да се развивам и дека ќе станам подобар играч. Навистина Ливерпул е клуб по мој вкус, голем клуб. Со нетрпение чекам да го запознаат градот, соиграчите, да истрчам на стадион и да заиграм за овој тим“, рече Гакпо.

Се вчитува...