Работнички и Силекс ремизираа 1-1 во првиот натпревар од новата прволигашка рунда, дуел на кој двата погодоци беа постигнати во второто полувреме. „Романтичарите“ имаа повеќе од играта и беа поблиску до победата, но бод за Силекс на оваа средба спаси „резервистот“ Галевски, кој го постигна голот за израмнување во 80. минута.
Голема заслуга што првото полувреме заврши без голови имаше домашниот голман Јанков, кој бравурозно одбрани два зицер-удари во рок од неколку секунди во 30. минута.
Казната за ова промашување на Силекс пристигна на почетокот од второто полувреме, Работнички почна одлична акција од десната страна, Максимов го проигра Прелчец, кој со прецизен удар ја смести топката во мрежата на кратовци. За Прелчец ова беше прв овосезонски гол во дресот на Работнички, но тоа се покажа недоволно за триумф откако домашните фудбалери имаа три неуспешни обиди да постигнат и втор погодок.
Силекс стигна до израмнување во 80. минута откако домашните фудбалери заспаа по еден аут од левата страна, топката уфрлена во шеснаесетникот стигна до „резервистот’ Галевски, кој биеше прецизно за 1-1 на овој интересен натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА