Галијани: На Бобан најдобро му е да си молчи!

Поранешниот директор на Милан, Адријано Галијани го осуди однесувањето на Хрватот Звонимир Бобан по неговиот отказ на функцијата спортски директор во Милан.

Бобан пред две недели доби отказ во клубот, а потоа во интервју за „Газета дело спорт“ истакна дека Милан е колектив кој наликува на Северна Кореја.

„Искрено не ги сакам многу луѓето кои кога ќе добијат отказ потоа одат по медиумите и делат совети како треба да се работи. Кога работиш во клубот тогаш се грижиш за нештата и функционираш, а кога ќе заминеш најдобро е да молчиш. Јас така направив“ – вели Галијани.

Се вчитува...