Галијани за борбата со Ковид-19: Тоа беше кошмар, мислев дека ќе умрам!

Актуелниот директор на Монца, Адријано Галијани конечно излезе од болница откако пред 20 дена беше хоспитализиран поради коронавирусот.

Откако Галијани се зарази, на 7. март бил итно хоспитализиран и префрлен на интензивна нега, а дури по десет дена жестока битка со Ковид-19, успеал да победи, па го префрлиле во нормален одел на кој минал уште десетина дена за потоа да биде отпуштен откако тестовите покажале дека е негативен на опасниот вирус.

„Ова беше таков кошмар. Мислев дека ќе умрам. На одделот (интензивна нега – н.з.) немаше ни еден прозор, пред мене имаше само ѕид. Искрено, јас затоа што сум клаустрофобичен, уште потешко ми беше, на сите проблеми од короната. Чувствувам тешкотии, па замислете дури и во лифт ми е проблематично во нецела минута, а не десет дена без дневна светлина. Мислев дека е дојден крајот“, рече Галијани, кој ги пофали медицинските лица во клиниката Сан Рафаеле.

Адријано посочил дека откако излегол од интензивна нега, бил толку радосен, што сместувањето во друг одел на болницата го разбрал и прифатил како престој во најлуксузен хотел.

„После 17. март ме преместија во друг оддел, откако добив негативен тест. Јас цел свет го поминав, претстојував во најлуксузните хотели, ама кога дојдов во тој дел и кога видов дневна светлина, тоа ми беше најубавото место на кое сум отишол. Тама ми падна камен од срце, видов сонце и јасно ми беше дека кошмарот заврши“, додаде Галијани.

Се вчитува...