Галинари е нов кошаркар на Бостон Селтикс

Италијанскиот кошаркарски интернационалец, Данило Галинари кариерата ќе ја продолжи во најтрофејниот клуб во НБА лигата, Бостон Селтикс, пренесуваат медиумите во Соединетите Американски Држави.

Галинари потпиша двегодишен договор со „детелинките“ вреден 13,3 милиони долари. Тој минатите две сезони ги помина во Атланта Хоукс, а претходно во НБА лигата беше дел и од Оклахома, ЛА Клиперс, Денвер и Њујорк Никс.

 

 

Се вчитува...