Гардинер од Бахами е олимписки шампион на 400 метри

Светскиот шампион Стивен Гардинер го освои златниот медал на 400 метри на Летните олимписки игри во Токио. Гардинер делницата ја истрча за 43.58 секунди и со тоа го освои првото олимписко злато за Бахамите на овие игри.

Сребрениот медал му припадна на Колумбиецот, Ентони Замбрано, додека со бронза се закити Кирани Џејмс од Гренада.

 

Се вчитува...