Астон Вила го продаде Морган Роџерс во Челси за рекордни 117 милиони фунти (рекорд за англиски фудбалер во Премиер-лигата), по што двата клуба повторно седнаа на преговарачка маса и договорија уште еден трансфер.
Алехандро Гарначо ќе биде наследникот на Роџерс во Вила откако двата клуба ги договорија сите детали за Аргентинецот кариерата да ја продолжи во тимот предводен од Унаи Емери.
Гарначо минатото лето дојде во Челси од Манчестер јунајтед, но се покажа како едно од најголемите разочарувања во таборот на „сините“. Чаби Алонсо веднаш стави до знаење дека нема да смета сериозно на Аргентинецот, а Емери по заминувањето на Роџерс го „пикираше“ токму Гарначо како идеално засилување за Астон Вила.
Двата клуба се договорија, Вила ќе плати 10 милиони фунти за едногодишна позајмица, во која има клаузула со лесно остварливи точки, по што Вила ќе мора задолжително да го откупи договорот на Гарначо со Челси за дополнителни 40 милиони фунти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
