Манчестер јунајтед првпат сезонава успеа да стигне до лесни три бода откако вечерва славеше на гостувањето кај Евертон со 0-3 во последниот натпревар од денешната програма во 13. коло во англиската Премиер-лига.
Дефинитивно натпреварот го одбележа младиот Гарначо кој постигна неверојатен погодок со ножички уште во 2. минута од натпреварот (0-1). На 0-2 зголеми Маркус Рашфорд од пенал во 56. минута, додека конечните 0-3 беа дело на Ентони Марсијал во 75. минута.
Everton 0 – [1] Manchester United – Alejandro Garnacho great goal 2′
byu/PSGCampus insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА