Во таборот на Белгија максимално оправдано се бесни по преседанот на ФИФА, откако дисцилпинската комисија за првпат во историјата реши да не санкционира црвен картон на мундијал со суспензија, па така Балогун ќе може да го предводи нападот на САД на вечерашниот осминафинален натпревар против Белгијците.
Селекторот Руди Гарсија во изминатите денови подготвуваше тактика за ривалот без Балогун, но сега експресно ќе мора да менува по неочекуваниот пресврт во ситуацијата.
„Искрено, не знаев дека ФИФА го слави 1 април на 5 јули. Никогаш немам слушнато за вакво нешто, ако сум во право, ова се случува за првпат во историјата на светските првенства. Нашиот Нгој доби црвен картон со Иран и потоа не играше на следниот натпревар, тоа е сосема нормално. Се повикуваат на член од правилата, а со тоа се контрадикторни на уште три четири члена во правилникот за натпреварување. Прочитајте го соопштението на белгиската федерација, се ќе ви стане јасно“, бесен е Руди Гарсија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
