Гасол: Емоциите се посилни од мене, возбуден сум што Лејкерси ќе го повлечат мојот дрес!

Лос Анџелес Лејкерс уште минатата година донесе одлука дека ќе го повлече бројот 16 во чест на Пау Гасол. Церемонијата ќе се одржи во текот на следната сезона, а точниот датум сè уште не е познат.

За време на гостувањето во една радио емисија во Барселона, Гасол изјави дека е многу возбуден и дека е тешко да се замисли таков момент.

„Церемонијата би можела да се одржи следната сезона. Разговарав со луѓето од франшизата и семејството Бас. Сите сме многу возбудени. Навистина е тешко да се замисли таков момент. Ќе бидам полн со емоции, тешко дека ќе можам да се контролирам. Многу сум возбуден што тоа станува реалност“, рече Гасол.

Легендарниот Гасол им се приклучи на Лејкерси во 2008 година и со тимот од Лос Анџелес освои две шампионски титули во НБА лигата.

Се вчитува...