Легендарниот шпански кошаркар, Пау Гасол ќе игра за репрезентацијата на Шпанија на Летните олимписки игри во Токио, откако се најде на конечниот список на селекторот, Серџо Скариоло. За Гасол ова ќе бидат петти олимписки игри, откако првпат настапи уште во далечната 2004 во Атина.
„Се успеав да надминам во животот и среќен сум поради тоа. Сакав да видам до каде можам да одам. Дефинитивно игрите во Токио ќе бидам мојот последен танц. Петти олимписки игри голема кариера и среќен сум за се што постигнав“, изјави Гасол.
Летните олимписки игри ќе се одржат во периодот од 23. јули до 8. август, а Шпанија се наоѓа во групата Ц заедно со Аргентина, Јапонија и Словенија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА