Гасол низ солзи: Би сакал и Коби да беше денеска овде…

Крајно емотивно беше денешното обраќање на Пау Гасол пред јавноста, со кое кошаркарската суперѕвезда објави дека става крај на својата фантастична кариера.

Ветеранот не можеше да ги скрие солзите кога проговори за својот соиграч од ЛА Лејкерс, Коби Брајант, кој трагично го загуби животот во хеликоптерска несреќа со својата ќерка Џиџи.

„Многу би сакал и Коби да беше денеска овде… но тоа е животот. А животот знае да биде многу нефер во некои ситуации. Многу ни недостига, тој и неговата ќерка Џиџи. Ме научи како да бидам победник, секогаш сум гледал на него како на постар брат. Ти благодарам Коби“, истакна Пау Гасол.

Се вчитува...