Гасперини продолжува со Аталанта до 2024 година

Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини наскоро ќе потпише нов договор, кој ќе биде со важност до 2024 година, пренесуваат италијанските медиуми.

Новиот договор ќе има опција за продолжување на уште една година. Тој веќе бил потпишан, а се очекува да биде официјализиран од клубот.

Гасперини ја препороди екипата, која веќе стана и редовен учесник во Лигата на шампионите. Тимот игра отворен фудбал, благодарение на Гасперини, кој и покрај неколкуте понуди, сепак, се одлучи да остане во Бергамо.

Се вчитува...