Гатачката од Бразил што прави магија кога на Нејмар не му оди…

Бразил е во четвртфиналето на Светското првенство и ќе ги одмери силите со Белгија во следната рунда од Мундијалот. „Кариоките“ можеби се и најконстантни со прикажаните игри во досегашниот тек од Мундијалот, но имаше и натпревари кога не им одеше најдобро. На пример, долго се мачеа да постигнат гол против Костарика во групниот сегмент, а во судиското продолжение стрелаа двапати.

Бразилците си имаат и гатачка, која треба да им ја олесни работата и да ги поттурне кога не им оди најдобро. Таа го гледа секој натпревар од трибините, а велат дека е блиска животна пријателка на Нејмар, на чие инсистирање и пристигнала на Светското првенство. Бразилската Баба Ванѓа во раката држи петел и запалена свеќа, и прави магија кога на Нејмар и друштвото не им оди најдобро…

Се вчитува...