Гатузо бесен: Ова го има само во Италија…

Џенаро Гатузо беше бесен на судијата Маса по поразот на Наполи од Интер, откако главниот арбитар досуди пенал, но притоа и го исклучи капитенот на Наполи, Лоренцо Инсиње.

Италијанскиот репрезентативец протестираше по досудениот пенал, но сите на теренот останаа во шок кога Маса извади црвен картон, му го покажа на Инсиње и го испрати кон соблекувалните.

„Не можам да поверувам, ова го има само во Италија. Што му рече Инсиње? Дека е г..но… зарем за тоа се добива црвен картон, за таков коментар на дерби натпревар. Само во Италија капитен на една екипа може да биде исклучен за вакво нешто. Ова е спорт што се игра со страст, нормално е за момент да ги загубиш нервите, но да ти покажат црвен картон затоа што си му рекол на судијата дека е г..но, не можам да поверувам. Мора да се има интелигенција и да се разберат играчите кои некогаш кажуваат работи импулсивно, не може само да се покажуваат картони“, изјави Гатузо.

Се вчитува...