Гатузо би можел да биде иден селектор на Грција

Легендарниот фудбалер на Милан, и тренер на неколку екипи, Џенаро Гатузо, би можел во иднина да влезе во селекторски води. Според најновите информации, поранешниот италијански репрезентативец добил повик од Грција, да стане селектор на таа репрезентација.

Грција сака освежувања во стручниот штаб и во играчкиот кадар пред новите предизвици. Грција последен настап на големи натпреварувања го имаше во 2014 година на СП во Бразил, а од тогаш па до сега ги пропушти сите важни натпреварувања, вклучувајќи го и Мундијалот во 2022 година во Катар.

Гатузо тренерската кариера ја почна во 2013 година во Сион, а потоа беше во Палермо. Исто така ги водеше Пиза, Милан и Наполи. Гатузо веќе има врска со грчкиот фудбал, затоа што кратко беше дел од ОФИ Крит во 2014 година.

Се вчитува...