Гатузо ги нападнал државните инспектори кои го контролирале тренингот на Наполи

Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо бил сериозно вознемирен од посетата на државни инспектори на тренингот на неговиот тим.

По дозволата за тренинзи на клубовите, инспектори ги посетуваат тренинг-центрите во Италија како би провериле дали се работи согласно протоколите и прописите издадени од здравствените власти. Но, инспекторите не поминале баш најдобро на тренингот на Наполи откако во вербален конфликт со нив се впуштил тренерот Гатузо.

„Како си дозволувате да прекинувате тренинг? Наполи е уреден и ги почитува сите мерки и правила. Нема што да криеме“ – им се обратил нервозниот Гатузо, бесен зошто се создава непотребен сомнеж кон неговиот тим.

Наполи, минатата недела ги почна индивидуалните тренинзи а од утре има дозвола и за тренинг во пооделни групи.

Се вчитува...