Гатузо: Кога тимот се плаши да игра, тогаш виновен е тренерот

Шефот на стручниот штаб на Милан, Џенаро Гатузо, не го криеше разочарувањето по големиот пад на својот тим во второто полувреме и прокоцканата предност од 0-2 на ова тешко гостување.

„Најмногу ми е жал што после голот за 2-1 едноставно исчезнавме од теренот. Престанавме да играме, секој наш играч почна со индивидуални потези, го загубивме ритамот. Се преплашивме и на крајот претрпевме пораз. Јас ја преземам одговорноста бидејќи кога тимот се плаши тогаш виновен е тренерот“ – изјави Гатузо.

Тој објасни и зошто во тимот го немаше Бакајоко, а даде свое мислење и за настапот на Гонзало Игуаин.

„Игуаин до 55. минута беше во голем мера вклучен во нашата, учествуваше и во акцијата во вториот гол, но потоа и кај него падна интензитетот како и кај остатокот на тимот. Како и да е, нема сомнеж дека тој ќе ни биде од голема помош оваа сезона. Што се однесува до Бакајоко, тој прво ќе мора да научи да прими топка. Само една седмица не е доволно за да ги откријам слабостите на новите играч, затоа ја користев старата гарда“ – порача стратегот на Милан.

Се вчитува...