Гатузо: Милан не е голем тим…

Резултатската криза на Милан уште повеќе се продлабочи со новото реми на „росонерите“, овојпат на гостувањето против Емполи на кое тимот на Џенаро Гатузо долго време имаше водство, но сепак на крајот освои само еден бод наместо планираните три. Овој клуб има само шест бода по првите пет одиграни натпревари, а Гатузо никако не успева да најде лек за кризата во која се наоѓа неговиот тим.

Напротив, стратегот на Милан посочува дека тимот не му е совршен и затоа треба да се намалат очекувањата.

„Милан не е голем тим и не сме доволно ефикасни.Создадовме доволно шанси во првото полувреме да го решиме мечот, не го сторивме тоа. Потоа имавме ситуации и во вториот дел, не дадовме втор гол и плативме за грешките. Го немавме Игуаин во тимот, па Борини мораше да се адаптира. Клуч дефинитивно е нашата реализација, мораме да почнеме да ги користиме шансите, тоа е единствениот начин да си ја вратиме самодовербата“ – истакна Гатузо.

Милан во следното коло се среќава со Сасуоло, натпревар што може да биде последен за Гатузо како тренер на овој клуб доколку „росонерите“ не стигнат до три бода.

Се вчитува...