Гатузо му врза „шлаканица“ на фудбалер заради дресот на Барселона (ВИДЕО)

Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, уште од играчките денови е познат по својот темперамент. Гатузо секогаш го кажува тоа што го мисли, а не ретко знае и да им „врзе шлаканица“ на своите помошници или на играчите. Италијанската легенда тоа го демонстрираше и неодамна кога Милан играше пријателски натпревар со Барселона.

„Лекција“ од Гатузо доби младиот дефанзивец Габриеле Белоди. По натпреварот на кој “росонерите“ славеа со 1-0, Белоди доби дрес од Марк Андре Тер Штеген со кој гордо позираше пред камерите.

Но, младиот фудбалер веднаш доби „опомена“ од зад грб од својот тренер.

Се вчитува...