Гатузо пред отказ во Милан, Конте чека да седне на клупата на „росонерите“

Џенаро Гатузо може да биде првиот стратег што ќе ја загуби работата во новата сезона од Серија А. Тренерот на Милан е пред отказ, откако неговиот тим загуби на гостувањето против Наполи со 3-2. Иако „росонерите“ имаа водство од 0-2, на крајот сепак со пораз се вратија дома во Милано. Ова повторно ги покрена шпекулациите дека Гатузо ќе си замине од клупата.

Веќе подолг период неговата смена ја чека Антонио Конте, кој се раздели со Челси и е во потрага по нов предизвик. Спортскиот директор Леонардо, наводно веќе остварил контакт со Конте, па се очекува само разврската со Џенаро Гатузо, за тој да ја преземе клупата на „росонерите“.

Се вчитува...