Гатузо сам на себе си ја скрати платата

Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо доброволно одлучи да си ја намали платата за време на паузата во Серија А поради коронавирусот.

Иако Де Лаурентис реши стратегот на „наполитанците“ да продолжи со истата плата и во месеците на пауза, сепак легендарниот италијански фудбалери одлучи сам на себе да си ја скрати платата. Истото тоа го направи и спортскиот директор, Кристијано Џиунтоли.

На тој начин и двајцата одлучиле барем малку да му помогнат на клубот полесно да се справи со кризата, со оглед на фактот дека речиси 30 вработени во клубот се испратени на принуден одмор.

„Кориере дело спорт“ наведува дека наредниве денови слично ќе постапат и фудбалерите на Наполи.

Се вчитува...