Гатузо се ‘пушти’ на новинар: За што да жалам? Какво е тоа прашање? Што сакаш ти?

Џенаро Гатузо одржа интересна прес-конференција откако неговиот Наполи изненадувачки загуби од Специја на домашен терен. Гатузо, кој немаше трпение на теренот, и сега покажа дека нема трпение за прашања со кои не се согласува.

На новинарско прашање има ли за што да жали поради почетната постава и играчите со кои одлучил да настапи, Гатузо збесна.

„За што да жалам? Какво е тоа прашање? Што ме прашуваш? Имавме 30 удари на гол. Што сакаш? Ајде кажи ми ти зошто морав да го заменам Максимовиќ“ – почна Гатузо и продолжи:

„За што сакате да зборуваме? За Лозано како напаѓач. Што требаше да менувам? Го имам само Петања, ризикувам да останам без напаѓач. Ајде да зборуваме за фудбал“.

Се вчитува...