Барселона игра фантастично од стартот на сезонава, тренерот Ханси Флик воглавно добро го ротира тимот, но има и фудбалери кои се незадоволни од улогата и минутажата во последните два месеци во каталонскиот гигант.
На врвот на оваа листа се наоѓа Гави, шпанскиот репрезентативец кој е „фит“ по серијата повреди, но никако не успева да се наметне за првотимски статус во Барса. Тој ја плаќа цената за доаѓањето на Родри, па така Флик најчесто се решава за тандемот Родри – Педри за организација на играта, со Фермин Лопез како поистурен плејмејкер зад напаѓачкото трио.
Гави е бесен бидејќи му било ветено дека ќе добие шанса, но тој сезонава има одиграно под 200 минути, севкупно во сите натпреварувања. Воедно, 22-годишниот бисер воопшто не влезе во игра на последните две средби, по што отворено говори за незадоволството.
Лесно може да се случи тој веќе во јануари да ги промени клупските бои, а доколку се реши на таков чекор еден клуб ќе важи за апсолутен фаворит во трката по неговиот потпис. Европскиот првак ПСЖ и летово се распрашуваше, но Барса тогаш ги отфрли сите понуди со јасна желба Гави да остане на „Камп Ноу“. Ситуацијата сега е поинаква, самиот играч сака да си замине, а Луис Енрике не крие дека е воодушевен од овој суперталент кого го гледа за идеално дополнување за средниот ред на „светците“ од Париз.
Подготвена е и понуда од 50 милиони евра, па интересно ќе биде да се види дали Барса би се согласила на толкава сума или ќе се бара повисока отштета за овој одличен фудбалер, без оглед што сезонава не е стандарден кај Флик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
