„Ѓаволите“ им се вратија на поразите

Манчестер Јунајтед загуби со 1-0 на гостувањето против Бурнемаут, четврти пораз на тимот на Оле Гунар Солскјер сезонава.

„Црвените ѓаволи“ тргнаа со Рашфорд и Марсијал од првата минута, но и покрај поголемиот посед не успеаја да создадат посериозна шанса во првото полувреме. Бурнемаут ја искористи својата стопроцентна можност, Кинг одлично се снајде во петерецот, го префрли Ван-Бисака, а потоа од непосредна близина го матираше и Де Хеа.

Јунајтед се обиде да стори нешто повеќе во вториот дел, но Бурнемаут ја имаше најубавата шанса за втор гол на натпреварот, откако Де Хеа го одбрани ударот на Хари Вилсон.

Се вчитува...