„Ѓаволите“ немаа милост кон Транмере

Манчестер Јунајтед на убедлив начин се пласира во следната рунда од ФА купот на Англија откако го совлада Транмере на гости со 0-6. Тимот на Оле Гунар Солскјер уште во првиот дел ги разреши сите дилеми, постигнувајќи пет гола.

Хари Мегваер го отвори резултатот, Дало зголеми на 0-2, а Џес Лингард беше стрелец на третиот гол. До крајот на првото полувреме погодија и Џонс и Марсијал. Во вториот дел триумфот го заокружи Мејсон Гринвуд од пенал во 56.минута.

Се вчитува...