Газанига го спаси Тотенхем од пораз против Вотфорд

Тотенхем нема победа на последните четири меча во Премиер – лигата, а од пораз на гости кај Вотфорд го спаси голманот Пауло Газанига. Тој одбрани пенал во 70.минута откако го скроти ударот на напаѓачот на домашниот тим Трој Дини.

Тимот на Жозе Мурињо по ова се наоѓа на седмата позиција на табелата и заостанува осум бода зад четвртопласираниот Челси во трката за пласман во Лигата на шампионите. Тотенхем имаше голема шанса во судиското продолжение, но одбраната на Вотфорд успеа да спаси на гол-линијата.

Вотфорд по три последовни победи доаѓа до реми и се наоѓа на 16. позиција со 23 бода.

Се вчитува...