Газдата должник: Фудбалерите на Вардар се државни херои, со една-две плати се први на табела

Агонијата на фудбалскиот клуб Вардар беше повод за денеска во емисијата „Топ Тема“ на ТВ Телма да се појават првиот човек на клубот, Слободан Крстевски и претставник на навивачите на „црвено-црните“.

Крстевски говореше за финансиските проблеми со кои се соочува, уште еднаш повторувајќи дека тој самиот нема финансиска моќ веќе да го води тимот. Тој ги пофали играчите за истрајнота, но и најави доаѓање на нов сопственик, нешто што долго време се шпекулира, но никако не се остварува на фудбалската сцена.

„Во последните шест-седум месеци имам проблеми со финансирање на клубот. Се е борба за да се обезбедат некои основни работи, од плаќање на ручек за играчите, па се до плати. Момците коииграат подолг период се без земена плата, проблем за кој подолго време бараме решение, но не успеавме да најдеме заеднички јазик ниту со потенцијален спонзор ниту со некој заинтересиран купувач. Овие фудбалери, цела сезона имат земено една или две плати, а се лидер на табелата, буквално гинат на секој меч. Тие не се херои само на Варадр, туку на цела држава, тие се единствените поради кои Вардар се уште е опстанат. Можеа да кажат дека од утре веќе нема да играат, но продолжуваат заеднички кон големата цел – враќање во Првата лига“, изјави Слободан Крстевски за „Топ Тема“.

Се вчитува...