Газдата на ЛА Доџерс сака да го купи Челси, Абрамович бара 3 милијарди евра

Американскиот тајкун Тод Боули, кој е ко-сопственик на бејзбол клубот ЛА Доџерс, сака да го купи англискиот премиерлигаш Челси. Тој доставил понуда за да го купи клубот од „Стемфорд бриџ“ која сепак експресно била одбиена од Роман Абрамович. Преговорите продолжуваат, а Русинот побарал 3 милијарди евра за да даде согласност за реализација на зделката.

Боули, кој поседува 20% од акциите на ЛА Доџерс, подолг период се обидува да купи некој од англиските премиерлигаши, а претходно доставил понуда и до Тотенхем. Но, негова голема желба е Челси.

„Фудбалот е најважниот спорт во светот. Страста што навивачите ја имаат кон тој спорт не се споредува со ништо друго“, изјави Боули во интервју за „Блумберг“.

Роман Абрамович досега доби неколку понуди за Челси, но сите ги одби во првиот момент.

Се вчитува...