Сопственикот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи е под истрага поради поткупување на одредени лица за ТВ правата на ФИФА за Светското првенство во Катар.
Според истрагата, Келаифи го подмитил и генералниот секретар на ФИФА, Џером Валке, со цел да ги обезбеди ТВ правата за СП 2022, да бидат доделени на „Беин спортс“, телевизиската компанија која е во негова сопственост.
Истрагата ќе ја води Швајцарскиот суд, а Келаифи се соочува со неколку тешки обвиненија, поврзани со даночно затајување и фалсификување на документи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА