Газдата на Шахтјор се сврте против Путин – „Ова е воено злосторство, јас не мрдам од Украина“

Сопственикот на фудбалскиот клуб Шахтјор Доњецк, Ринат Ахметов, кој се смета за најбогат човек во Украина, јавно објави дека не ја напушта својата земја и својот народ и дека ќе направи се што е во негова моќ да им помогне на граѓаните.

Тој вели дека тоа што се случува во моментов во Украина е воено злосторство и дека ќе направи се што е во негова моќ тоа да го спречи.

„Ова е воена агресија, ние зборуваме за воени злосторства и злосторства против човештвото. Мојата фондација им помага на луѓето да преживеат, им обезбедува храна и лекови, а компаниите и помагаат на украинската армија да го одбрани суверенитетот на земјата. Русија е земја агресор, а Путин воен злосторник. Украина отсекогаш била пацифистичка и не нападнала никого. Денес, во селата, во нашите градови, инфраструктурата е уништена, цивили умираат и страдаат,“, изјави Ахметов. 

Се вчитува...