Сопственикот на Шефилд Венздеј, Дејфон Часнири ги замоли навивачите на клубот да соберат два милиони фунти за да му помогнат на клубот да го врати долгот, пренесува „Би-би-си“. Клубот кој се натпреварува во Чемпионшипот неодмана доби ембарго за регистрација од страна на Фудбалската лига на Англија поради финансиските проблеми.
Тајланѓанецот кој е на чело на клубот од 2015 година вели дека финансиските проблеми кои го обиколија светот се одразиле и на него, а и додаде дека целата сума која ќе ја соберат навивачите ќе биде вратена со камата.
„Ако 20 илјади луѓе дадат по 100 фунти тоа ќе биде доволно да се покрие долгот. Парите треба да ги собереме до 10. ноември кога истекува рокот“, изјави Часнири.
Финансиските проблеми го доведоа клубот до дното на второто по ранг фудбалско натпреварување во Англија, а незадоволство изразија и навивачите кои по ремито од 1-1 фрлаа тениски топчиња на теренот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА