Газдите на Арсенал повторно ќе одлучуваат: Иднина или пари?

Арсенал е само бледа слика од лондонскиот великан кој пред нешто повеќе од една деценија беше на чекор од освојување на Лигата на Шампионите. Лакомоста на газдите кои во текот на годините не инвестираа во „високо профилни“ играчи, а дозволуваа заминувања на ѕвезди во ривали за профит се одрази на тимот кој во последните пет години не знае за настап во најсилното европско натпреварување, а оваа сезона игра само на домашно тло.

Сега раководството на тимот повторно се наоѓа пред слична одлука со ѕвездата во подем, Бакајо Сака. Англичанецот кој е дел од тимот од 2018 година за „топџиите“ постигна 16 гола и 7 асистенции во У18 тимот, 6 гола и 10 асистенции за У23 тимот и 12 гола и 21 асистенција во досегашните 94 настапи за првиот тим.

Покрај тоа Сака беше дел и од англиската репрезентација на Европското првенство на кое „Гордиот албион“ во големото финале загуби од Италија и со одличните настапи во привлече вниманието од гигантите Јувентус и Атлетико Мадрид кои тргнуваат во офанзива по неговиот потпис.

Трансферот на играчот кој се вбројува меѓу тритте најперспективни играчи заедно со Џио Рејна и Ансу Фати се проценува на сума од околку 50 милиони евра, а ќе биде интересно да видиме дали американските гази ќе одолеат на богатата понуда и ќе го задржат фудаблерот кој е иднината на тимот.

Се вчитува...