„Генералка“ за ракометарите пред ЕП – Србите ќе ја глумат Словенија

Македонските ракометари вечерва со почеток во 18 часот во Белград ќе се сретнат со селекцијата на Србија, во вториот и последен контролен меч што избраниците на Раул Гонзалес ќе го одиграат во пресрет на стартот од Европското Првенство. Вчерашната убедлива победа над Саудиска Арабија донесе уште поголемо подобрување на атмосферата, но нашите ракометари се свесни дека тоа беше пресметка со потпросечен ривал, додека денешниот дуел со Србија е меч со противник од највисока класа, кој ќе претставува вистинска проверка на можностите, на седум дена пред официјалниот старт на Европското Првенство.

Подготовките минуваат одлично, а дуелот со Србија е одлична можност да ги покажеме своите квалитети, но и да увидиме некоја слабост на која ќе можеме да работиме на корекција во преостанатите денови до ЕП. Задачата ќе биде многу потешка отколку против Саудиска Арабија, но подготвени сме за надигрување со овој силен противник“ – порачуваат од македонскиот табор.

Србија е ослабена со неиграњето на „вардарците“ Абутовиќ и Милиќ, но во своите редови поседува квалитетни играчи како Ненадиќ, Вујин, Зеленовиќ, Радивојевиќ…

Директен пренос од денешниот пријателски натпревар во Белград ќе може да се проследи на ТВ Телма, која ги поседува правата и за претстојниот европски шампионат во Хрватска.

Се вчитува...