Генерална проба за финалето во Купот: Силекс против „пандевци“ во нова битка за прволигашки спас

Силекс и Академија Пандев денеска во Кратово од 13 часот во првиот натпревар од 29. коло во ПМФЛ низ еден вид генерална проба за финалето од Купот на Македонија во кое двете екипи ќе се сретнат на 19. мај на националната арена „Тодор Проески“.

Сепак, пред тоа, денеска и тоа како важен натпревар за Силекс кого го очекува нова битка за прволигашки спас.

Составот на Горан Симов мора до трите бода доколку сака опстанок во Првата лига. „Пандевци“, пак, се во нешто поопуштена ситуација но и за нив бодовите се важни за влез во мирен финиш од сезоната.

ПРВА ЛИГА – 29. КОЛО (денеска, 13 ч.)

Кратово: СИЛЕКС – АК. ПАНДЕВ

УТРЕ (13 ч.)

Битола: ПЕЛИСТЕР – РЕНОВА

Скопје: ВАРДАР – БЕЛАСИЦА

Тетово: ШКЕНДИЈА – БОРЕЦ

Скопје: ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА ТЛ

Се вчитува...