Георгиевски: Да ја завршиме групната фаза со победа пред нашата публика

Ракометарите на Вардар ќе го пречекаат норвешкиот Елверум во последниот натпревар од групата А сезонава во Лигата на шампионите.

Натпреваров за „црвено-црните“ нема никакво резултатско значење бидејќи сигурно ќе завршат на петтата позиција на табелата и во првата нокаут рунда ќе играат двомеч против унгарскиот Веспрем.

Крилото на Вардар, Гоце Георгиевски вели дека и покрај се сака со победа да ја завршат групната фаза во Лигата на шампионите.

„Коцките се наместија со исклучувањето на Мешков и практично овој меч резултатски да не ни значи. Сепак, нас играчки многу ни значи. Сакаме групната фаза да ја завршиме со победа на домашен терен и на позитивен начин да отидеме во нокаут фазата. Елверум одигра фантастична групна фаза, со сите беа егал, а стигнаа и до бодови со фаворити. Очекувам интересе натпревар. Тие ќе дадат се од себе бидејќи ќе им значи овој натпревар, но наше е да ја играме нашата игра“, изјави Георгиевски. 

Натпреварот кој е закажан за во среда во 20.45 часот ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Се вчитува...