Георгиевски против Алингсас ја продолжува одбраната на трофејот во Челинџ-купот

Македонскиот ракометен интернационалец Гоце Георгиевски со неговиот ЧСМ Букурешт ќе се сретне со шведскиот Алингсас во осминафиналето од ракометниот Челинџ куп. Романскиот клуб е актуелен шампион во третото по ранг европско натпреварување, а одбраната на трофејот ќе ја продолжи во двомечот со шведскиот клуб. Првите натпревари од топ 16 фазата ќе се играат на 8 или 9 февруари следната година, додека реваншите се закажани за една седмица подоцна.

Покрај мечот меѓу Алингсас и ЧСМ Букурешт за издвојување се и паровите АЕК – Драмен и Мадеира – Карвина.

Се вчитува...