Георгиевски со ЧСМ Букурешт на чекор до финале во Романија

ЧСМ Букурешт во чии редови настапува македонскиот репрезентативец Гоце Георгиевски, славеше гостинска победа против Стеауа (21-25) во првиот натпревар од полуфиналната серија во плеј-офот во Романија.

Во серијата „подобар во три меча“,  ЧСМ Букурештсо оваа „брејк“ победа е чекор поблиску до финалето кое може да го осигура веќе на следниот натпревар што го игра на домашен терен.

Гоце Георгиевски постигна два гола во триумфот ЧСМ Букурешт, а најефикасен во победничкиот тим беше Шпанецот Антонио Гарсија Робледо со 10 гола.

Во втората полуфинална двојка во романскиот шампионат играат Тирда и Динамо Букурешт.

Другите два романски клубови кои настапуваат македонски ракометари, Констанца и Темишвар, испаднаа од борбата за шампионската титула и разигруваат за пласман од 5 до 8.место.

Во првиот меч од разигрувањето, Никола Митревски и Велко Марковски со Констанца славеа победа на домашен терен против Калараши со 30-23.

Златко Даскаловски со Темишвар го доби првиот дуел против Минаур Баја Маре со 32-26.

Се вчитува...