Герет Бејл ќе игра на позајмица во Манчестер Јунајтед?

Герет Бејл најверојатно се соочува со последните седмици во Реал Мадрид откако клубот донесе одлука претстојново лето да прави големи промени и да доведе нови засилувања. Велшанецот е на излезна врата, но неговата огромна плата прави проблеми за релизација на клупскиот план.

Шпанскиот весник „Марка“ открива дека тој следната година би можел да ја мине како позајмен играч во Манчестер Јунајтед. Тимот од „Олд Трафорд“ подолг период е заинтересиран за услугите на ѕвездата на Реал Мадрид.

Покрај „црвените ѓаволи“ заинтересирани за услугите на Бејл се Рома и Баерн Минхен.

Се вчитува...