Герет Бејл навистина сака да го избркаат од Реал

Герет Бејл повторно не беше од тимот на Реал Мадрид во мечот против Севилја кој „кралевите“ го добија со 2-1. Велшанецот повторно предизвика бес кај навивачите на клубот бидејќи пред крајот на натпреварот го напушти стадионот.

АС пренесува дека Бејл кој не беше од тимот, „Сантијаго Бернабеу“ го напуштил во 82. минута од мечот, што е веќе четврти пат сезонава. Според клупските правила секој фудбалер кој не е во ростерот, има право да го напушти стадионот по истекот на 80. минута и поради тоа Бејл нема да добие никаква казна.

Сепак, ова однесување предизвикува големо незадоволство кај навивачите, но и кај останатите членови на клубот, бидејќи на Бејл не покажува нималку почит кон еден од најголемите спортски колективи во светот.

Се вчитува...