Герет Бејл не игра за Велс на решавачките дуели

Селекторот на фудбалската репрезентација на Велс, Крис Колман, не може да смета на Герет Бејл за решавачките квалификациски натпревари против селекциите на Грузија и на Република Ирска. Велшанецот викендов го пропушти и првенствениот меч за Реал Мадрид против тимот на Еспањол, се работи за повреда на задниот мускул на ногата, па препорачано му е да ги одмори овие два меча.

Ова е голем хендикеп за Велс, знаејќи дека се работи за последните две средби од овие квалификации за мундијалот во Русија, а на составот на Колман му се потребни две победи за пласман на СП, со надеж дека Србија ќе загуби бодови на дуелот со репрезентација на Австрија, или пак против Грузија.

Велс моментно е второпласирана репрезентација во групата Д со 14 бодови, пред нив е Србија која има 18 бодови.

Се вчитува...