Герет Саутгејт и Жозе Мурињо се препукуваат за Хари Кејн

Селекторот на англиската фудбалска репрезентација Герет Саутгејт и менаџерот на Тотенхем Жозе Мурињо влегоа во јавна дебата околу Хари Кејн и неговиот настап на националниот тим на претстојните дуели против Велс, Данска и против Белгија во текот на овој месец.

Мурињо побара од селкторот да има разбирање за Кејн и да не го исцрпува со максимална минутажа на сите средби со оглед дека тој има набиен распред со клубот од девет натпревари во 22 дена.

Не мина долго до одговорот од селекторот Саутгејт. Тој пак го потсети Мурињо што ќе треба да прави тој во периодот пред крајот на сезоната во Премиер-лигата, а во пресрет на Европското фудбалско првенство.

Тоа функционира во двете насоки. Се што треба Жозе да прави е да се грижи за Хари Кејн во април и во мај затоа што 55 милиони луѓе ќе го очекуваат тоа“ – вели Саутгејт.

 

 

 

 

Се вчитува...