Герет Саутгејт останува во Англија, ФА му подготвува нов договор

Фудбалската федерација на Англија (ФА) му понудила на сегашниот селектор Герет Саутгејт да го продолжи договорот. На тренерот му се нуди да му биде двојно зголемена претходната плата, а ваквата понуда се очекува да биде прифатена.

Според „The Sun“, Саутгејт ќе го предводи тимот на Светското првенство во Катар 2022 година. Но, од фудбалската федерација на Англија се плашат дека селекторот веднаш по овој настан ќе замине за да се испроба во Премиерлигата.

Преговорите меѓу двете страни ќе започнат по двата натпревари од квалификацискиот циклус за СП 2022 година. Извршниот директор на ФА, Марк Булингем, за време на Евро 2020 објави дека сака Саутгејт да потпише нов договор. Но, 51-годишниот тренер рече дека нема да преговара додека не го донесе тимот на претстојното светско првенство. Напаѓачот на Тотенхем и предводник на Англија, Хари Кејн изјави дека сака тренерот да остане во тимот. „Би сакал тој да остане. Но, се ќе зависи од неговата лична одлука и ФА. Ајде да видиме како ќе биде сè“ изјави Кејн.

Договорот на Саутгејт со ФА на Англија е до завршувањето на СП во Катар, а тој е во репрезентацијата на Англија од 30 ноември 2016 година.

Се вчитува...